Трамп уште повеќе ја подигна царинската стапка за Кина – сега е 145 проценти
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ја зголемил царинската стапка за увоз на кинески производи во САД на неверојатни 145 проценти, пренесе „Би-би-си“.
Зголемувањето уследи по новата извршна наредба на Доналд Трамп со која ги зголеми царините на 125%, од претходните 84%.
Дополнителните давачки од 20%, поврзани со мерките насочени кон земјите кои наводно ја произведуваат опасната дрога фентанил, ја доведуваат вкупната царинска стапка до сегашното ниво.
Овој потег означува уште една ескалација на трговската политика на Трамп кон Кина, која од своја страна возврати со царини од 84 проценти на увозот на американски стоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…