Објавено на:

Трамп: Царините се прекрасна работа

t

Во екот на потопот на светските берзи американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините се „прекрасна работа“.

„Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со Царините, што сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе на сила и тие се нешто прекрасно да се видат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

„Дефицитот со овие земји растеше за време на ’претседателството’ на заспаниот Џо Бајден. Ќе го свртиме тоа , и тоа многу БРЗО. Еден ден луѓето ќе сфатат дека царините се прекрасна работа за САД“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Да потсетиме, азиските берзи денеска остро паднаа, продлабочувајќи ја глобалната берзанска криза предизвикана од наметнувањето царини од страна на Трамп за речиси целиот свет, а тргувањето на јужнокорејската берза беше прекинато на пет минути бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…