Објавено на:

Трамп ја спроведе забраната, новинарите на „Си-Ен-Ен“ и „Политико“ избркани од Белата куќа

t

По најавата на Доналд Трамп дека им забранува влез во Белата куќа на најмалку три медиумски куќи, новинари од засегнатите организации денеска изјавија дека им бил оневозможен пристапот до комплексот.

Трамп им забрани влез на телевизиите „Ем-Ес нау“ и „Си-Ен-Ен“ и на сајтот „Политико“, обвинувајќи ги за ширење лажни вести. Критичарите го гледаат ова како обид за заплашување и напад врз слободата на медиумите. Останува нејасно што точно ја поттикнало забраната.

Новинар и снимател од „Ем-Ес нау“ изјавија денеска дека на безбедносниот пункт пред Белата куќа им биле одземени новинарските пропусници. Новинарката на „Си-Ен-Ен“, Бетси Клајн, известуваше од пред Белата куќа, откако соопшти дека ѝ била одземена новинарската пропусница.

На новинарката на „Политико“, Шајен Хаслет, Тајната служба ѝ го одбила влезот во комплексот на Белата куќа и ѝ ја одзела пропусницата што ѝ овозможува пристап.

Сите три новински организации изјавија дека ќе направат сè што е потребно за да ги одбранат своите права на известување, загарантирани со Првиот амандман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…

Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…

Костовски: Зошто НБРМ во 2020 година не…

*Обгјава на Фејсбук на Трифун Костовски Зошто…

Америка бомбардираше ирански остров во Ормускиот Теснец

САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…