Објавено на:

Трамп: Ќе бидам претседател на сите Американци

t

Со едно и пол часовниот говор во Милвоки влезе во историјата како претседателски кандидат кој најдолго говорел на една конвенција на номинирање.

-Се кандидирам да бидам претседател на цела Америка, а не на половина, бидејќи нема победа во победата на една половина од Америка. Длабоко сум почестен што на ова патување сум придружуван од мојата прекрасна сопруга Меланија. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Го имав Бог на своја страна, продолжи Трамп, опишувајќи го моментот кога го почувствувал куршумот на неговото уво. На сцената му оддаде почит и на загинатиот пожарникар во неуспешниот обид за атентат во Пенсилванија.

-Не требаше да бидам тука вечерва, не требаше да бидам тука. Да, треба да си, да треба да си. , рече Трамп.

-Тие се обидоа да го убијат следниот претседател на САД. Што е многу, многу е!

-Ѝ недостигаш на оваа земја и на 5-ти ноември оваа земја ќе те избере за 47-ми претседател. , изјави Ерик Трамп, син на Доналд Трамп.

Името на Бајден го спомена само еднаш, кога го обвини дека е на пат да предизвика Трета Светска војна.

-Ќе ставам крај на секоја меѓународна криза. Страшната војна меѓу Украина и Русија никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. , рече Трамп.

Неизвесноста околу кандидатурата на 81-годишниот Бајден и натаму се продлабочува. Демократите како што пишува Њујорк Тајмс ја одложиле неговата номинација, по бројните повици на дел од демократите дека треба да се повлече поради возраста и неговите шанси да победи на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…