Објавено на:

ТРАМП ЌЕ БИДЕ НОМИНИРАН ЗА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР: „Никој не го заслужува тоа повеќе од него“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде предложен за Нобелова награда за мир. Ова денеска го соопшти конгресменот од Калифорнија Дарел Иса, кој најави дека самиот ќе ја поднесе кандидатурата за оваа престижна награда.

Никој не го заслужува тоа повеќе, порача кратко конгресменот.

За викендот, државниот секретар Марко Рубио го бранеше пристапот на Трамп за посредување во договорот меѓу Русија и Украина, велејќи:

– Ако тој беше од партијата на демократите што го правеше тоа, сите ќе велеа: „па, тој е на пат кон Нобеловата награда за мир“.

Во меѓувреме, Лех Валенса, поранешен полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир изјави дека „со гадење ја гледал расправијата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски“.

На состанок во Белата куќа во петокот Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за помошта од САД за Киев и дека се коцка со Третата светска војна.

Трамп повеќе пати во минатото беше номиниран за Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја доби посакуваната награда.

Пратеничката Клаудија Тени рече во јануари 2024 година дека го номинирала Трамп за неговата улога во посредувањето на историскиот Абрахамски договор за време на неговиот прв мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…