Објавено на:

Трамп ќе ги прогласи 8-ми мај и 11-ти ноември за Ден на победата

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека има намера да ги прогласи годишнините од крајот на двете светски војни, кои се одбележуваат на 8 мај и 11 ноември, за Денови на победата.

„Ќе го преименувам 8 мај во Ден на победата во Втората светска војна, а 11 ноември во Ден на победата во Првата светска војна“, објави Трамп на својата онлајн платформа Truth Social.

Датумот 8-ми мај, кој се слави во Западна Европа (Русија го слави на 9-ти мај), не е празник во Соединетите Американски Држави. Датумот 11-ти ноември е празник и е наречен Ден на ветераните во чест на американските воени ветерани.

„Многу наши сојузници и пријатели го слават 8-ми мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која и да е друга земја, многу повеќе, за да ја добиеме Втората светска војна“, истакна Трамп.

„Добивме две војни, никој не ни беше рамен во однос на силата, храброста и воениот гениј, но никогаш не славиме ништо. Тоа е затоа што немавме водачи кои знаеја како да го прават тоа!“ вели додавајќи „Ќе почнеме да ги славиме нашите победи!“

Трамп сè уште не потпишал извршен указ за таа цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските…

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа,…

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу…

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин…

Допирал тинејџерка додека одела пеш, па избегал…

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници…

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово…

во од енергетската ситуација и оценувајќи дека…

Лице палело гуми во двор, пожарот се…

Шумски пожар избувна во близина на делчевското…