Трамп ќе одлучи дали на Киев ќе му биде предадено нуклеарно оружје или не!
Одлуката дали САД ќе му предадат нуклеарно оружје на Киев или не е на претседателот Доналд Трамп, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет.
„Не сум тука да објавам или да не објавам нешто. Тоа не е моја работа, тоа е работа на претседателот. Тој е лидер, тој е мајстор за преговори и склучување договори“, изјави Хегсет во интервју за порталот Breitbart News.
Како што истакна, Трамп е единствениот кој ќе одлучи дали има простор за маневрирање по кое било прашање.
Володимир Зеленски претходно изјави дека Западот треба да ѝ предаде нуклеарно оружје на Украина и да го испрати својот воен контингент во земјата, доколку не планира да го прифати Киев во НАТО.
Во декември 1994 година, во Будимпешта беше потпишан договор врз основа на кој Украина, Казахстан и Белорусија и предадоа нуклеарно оружје останато од Советскиот Сојуз на Русија – Украина 1900, Казахстан 1.400 и Белорусија 100 боеви глави. Оружјето од Украина и Казахстан беше уништено, додека боевите глави од Белорусија беа делумно вклучени во нуклеарниот арсенал на Русија.
Гаранти на Меморандумот од Будимпешта беа Америка, Велика Британија и Русија. Најмногу доби Америка, која на овој начин го парафира падот на својот главен непријател – Советскиот Сојуз. Украина, Белорусија и Казахстан се откажаа од жешкиот компир затоа што, како земји во транзиција, не можеа да си дозволат екстремно скапо одржување и безбедност на наследениот нуклеарен арсенал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…