Трамп ќе прогласи: Американската федерална влада ќе признае два пола, машки и женски
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по преземањето на функцијата ќе издаде извршни наредби со кои ќе се намалат програмите за различноста, еднаквоста и инклузивноста и ќе прогласи дека американската федерална влада ќе признае два пола, машки и женски, објави нов функционер на Белата куќа.
Функционерот додаде дека наскоро се очекуваат повеќе потези во однос на прашањето на ДЕИ, како што програмите за различност и инклузија често се нарекуваат, но не откри детали за планираните чекори или кога ќе бидат објавени. Како дел од извршните наредби, федералните фондови нема да се користат за промовирање на „родовата идеологија“, рече функционерот, термин кој често се користи како референца на која било идеологија која промовира нетрадиционални погледи на полот и родот.
Средствата од САД нема да се користат за медицински процедури за промена на полот, објасни официјалниот претставник.
Не е јасно што ќе значат извршните наредби за американската војска. За време на неговиот прв мандат, Трамп најави дека ќе им забрани на трансродовите војници да служат војска, а неговата администрација го замрзна вработувањето на трансродови лица. Бајден ја смени таа одлука кога ја презеде функцијата во 2021 година.
Двете извршни наредби за ДЕИ и родовите прашања беа дел од стампедото наредби за теми кои се движат од имиграција до енергија, објавени утринава од новите претставници на Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…