Трансфер на кариерата: Македонскиот стратег Рајковиќ нов тренер на ЦСКА Москва!
Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и официјално го реализира својот трансфер на кариерата, откако е промовиран за прв тренер на рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва.
Трофејниот стручњак потпиша договор на една плус една сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата. До него Емил Рајковиќ дојде апсолутно заслужено ако се има предвид неговата тренерска кариера и досегашните успеси.
Нашиот стручњак во ЦСКА доаѓа по успешната сезона со екипата на Автодор Саратов која поради суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши кампањата со трофеј. ЦСКА остана без тренер по разделбата со Димитрис Итудис довербата му ја додели на македонскиот стратег.
43-годишниот Рајковиќ во кариерата раководеше и со казахстанска Астана, полски Стал и Сласк Вроцлав, како и домашните МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри и Тоа Сум Јас.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…