Траорно: Во воздушен напад погодена детска болница во Мариопол – има луѓе под урнатините

Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариопол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот.
Градските власти тврдат дека неколку бомби се фрлени врз болницата и дека штетата е голема.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, на Твитер објави видео од оштетената детска болница.
Мариупол. Директен удар на руските сили врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Ѕверство. Колку долго уште светот ќе биде соучесник игнорирајќи го овој терор? Затворете го небото веднаш! Запрете ги убивањата. Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста, објави на Твитер Зеленски.
Москва, демантира дека цивилни објекти се цел на руските воени операции во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор сцени од детското одделение на кумановската…
Фејсбук страницата „Кумановска горила“ сподели фотографии од…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Таравари го разреши директорот на кумановската болница…
Министерот за здравство Арбен Таравари го разрешил директорот на…
„Се изгоре за две минути, се направи…
Роднини на повредените во изјава за „360…
Битолската болница се оградува од докторот што…
„Итно е спроведена постапка за смена на…