Трајановски: Ако е некој против модерно Скопје тоа е советичката група на ВМРО-ДПМНЕ! Повикувам да прекине деструктивноста

t

Пред неполни десетина дена имавме советнички прашања каде беа објаснети сите состојби во ЈСП, но аргументите на градската администрација не сакаат да се земат во предвид, ако е некој против модерно Скопје тоа е советничката груша на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната седница на Советот на Градот Скопје заменик-градоначалникот на Градот, Александар Трајановски.

– Во однос на првата точка на дневен ред, решение за запирање на објавување на пропис на Град Скопје, да се фокусираме на образложението и дека и оваа седница и оваа точка која произлегува од насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, нивните амандмани на последниот ребаланс и во однос на образложението многу убаво е објаснето зошто треба да го стопираме објавувањето на прописот.

Тоа е затоа што како што изгубивме цел месец да објасниме дека амандманите кои беа предложени не можат да бидат вчитани во буџетските ставки и програмите. За тоа беа изгубени две седници, два дена, вонредна седниц аи после ги цепкаме одлуките и ги оставаме јавните претпријатија на милост и немилост.

Денес исто имаме точка на невен ред со која се бараат субвенции за потешкотии на ЈСП, истите субвенции се бараа со буџетот кој беше предложен а кој насилнички го извитоперивте.

Ако е некој против модерно Скопје, ако е против интересите на Градот Скопје тоа е вашата советничка група. Затоа со ова решение за запирање на прописот треба да заврши вашата деструктивност и во иднина да ја поддржувате програмата и градоначалничката на Град Скопје, истакна Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…