Трајановски во посета на Дневниот центар на Црвениот крст на Град Скопје: Континуирано обезбедуваме поддршка со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на живеење на старите лица
Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски го посети Дневниот центар на Црвениот крст на Град Скопје во „Даре Џамбаз“, каде што имаше средба со лицата корисници на Дневниот центар за стари и изнемоштени лица и центар за давање помош во домашни услови по повод денешниот верски празник Василица.
Во Дневниот центар добиваат услуги стари лица кои се повитални и имаат потреба своето слободно време да го поминат на организиран начин.
Исто така, се организираат и настани за корисниците на услуги во домашни услови. Програмата која се реализира е прилагодена на нивните потреби и интереси.
Градот Скопје континуирано обезбедува поддршка и активно работи на идентификување на приоритетните области и задачи за дејстување, со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на живеење на старите лица во нашиот град.
Фејсбук статус на заменик – градоначалникот на градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелбурн се извини откако го забрани старото…
Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…
(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…
Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…