Трајановски: Деловникот за работа на Советот на Град Скопје во неколку наврати беше злоупотребен!

t

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, во гостување во ТВ24 објасни дека во изминатите неколку месеци Деловникот за работа на Советот на Градот е злоупотребен. Од тие причини има задоцнување во исплатата на хонорарите на советниците бидејќи одредени советници недозволено учествувале во работата на Советот онлајн, а претседавачот со Советот во нивно име ги потпишувал на списоците за присуство.

– Паушал за советниците, меѓу кои сум и јас, не се дели изминатите неколку месеци, од она јас што го знам е дека Деловникот за работа на Советот на Град Скопје предвидува начин за учество и работа во Советот на Град Скопје. За време на пандемијата со Ковид-19 имаше изготвено посебен протокол.

Ние на почетокот на на овој мандат работевме комбинирано, оние кои имаа Ковид-19 работеа онлајн, тие што беа здрави со физичко присуство. Откако Владата на РМ ги укина мерките за заштита од Ковид-19 се пристапи со работа со целосно физичко присуство, но Деловникот во многу наврати беше злоупотребен, со тоа што беше овозможено на некои колеги советници да учествуваат во работата на Советот оправдано или неоправдано да учествуваат во работата преку црни екрани без соодветна документација за присуството.

Дополнително, претседателот на Советот е тој којшто ги закажува сите седници, ги потпишува листинзите за присутни. Во изминатите месеци претседателот на Совет во име на друг советник се има потпишано за негово физичко присуство, со тоа се дава легитимно право и алиби дека тој советник учествувал во рбаотата на советот, во практиката не е така. Изминативе седници сме гласале точки на дневен ред кои бараат апсолутно мнозинство, но и некои точки со просто мнозинство, ако дел од овие советници учествувале или не учествувале, можеби гласале, можеби не гласале, истите одлуки можеби поминале или не поминале, работата на овие советници има влијание врз овие одлуки.

Затоа Инспекторатот за локална самоуправа треба да ги изготви своите решенија врз основа на кои ќе постапиме. Што се однесува до паушалите, оние колеги осветници кои си ја обавуваат својата дејност и доаѓаат на седниците нормално дека ќе го добијат полниот надомест кој им следува на месечно ниво, истакна Трајановски.

Во однос на најавите за тужби Трајановски смета дека секој може да се обрати до судските инстанци, ова е популистичка мерка и укор кој не верува дека ќе има некаква завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…