Трајановски: Електростопанство да ги поправи топловодните цевки за целосно пуштање во употреба на мостот “Беласица”
Мостот на улицата “Беласица” не е целосно пуштен во употреба поради нереализирани обврски од страна на Електростопанство на Македонија, вели во гостување на ТВ24 заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.
– Од аспект на реконструкцијата на мостот на улицата Беласица, сметам дека изведбата и реконструкцијата треба да биде синхронизирана од двете институции, Градот Скопје и електростопанство на Македонија.
Инсталацијата која се наоѓа под мостот, дали топловдните цевки, дали телекомуникациските цевки не се во делот на реконструкција од страна на Градот Скопје.
Ние извршивме анализа од повеќе институции и добивме меродавни резултати дека мостот нема претрпено такво оштетување за да не може да се употребува и дека нема да бара голем зафат за реконструкција и санација. Кога беа конечните резултати добиени беа пуштени двете ленти во употреба. Сега од аспект на торкетирањет и она што се работи на инсталацијата тоа се обврски на Електростопанство, но јас гледам една политичка неволја за соработка и ненаоѓање на целисходност во пресрет на грејната сезона да им се помогне на граѓаните.
Јас ќе кажам уште неколку примери каде граѓаните нема да добијат почеток на грејна сезона точно од вакви оштетувања, на пример кај стариот објект познат како стаклара се почнува дивоградба на која се сече топловодна цевка од Скопје Север која го снабдува цело Топанско поле, дел од Општина Чаир, со парно, преку 600 корисници, вели Трајановски.
Трајановски смета дека проблемите со преговорите меѓу Електростопанство и Град Скопје е политичката определба и додава дека исти проблеми има и во Советот на Град Скопје, каде проектите и работата на градоначалничката не се омилени, но двете политички партии на централно и локално ниво се на власт и во коалиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…