Трајановски: ЕУ не смее да си дозволи ново омаловажување и разочарување на Македонија во евроинтегративниот процес и мора да ја препознае русофилијата во бугарските барања!

t

Русија некогаш ја подржуваше идејата за Санстефанска Бугарија, денес тоа ни е сервирано на маса од Европа.

Поддшката за францускиот предлог од страна на членките на ЕУ е само показател колку Европа е незаинтересирана и незапознаена со вистинските релации, состојба и процеси во Западен Балкан.

Европа мора да го препознае фашистичкиот наратив и санстефанскиот нагон на Бугарија во протоколот и во францускиот предлог и да ни дозволи да го одбиеме истиот, во спротивно самата Европа не повикува во кршење на еден од основните постулати на кој е основана. Ова значи дека Еврпската Унија повеќе не е тоа што беше и не ги застапува истите вредности од порано.

За неверување е како ЕУ очекуваше и се надеваше дека овој предлог ќе наиде на поддршка во Македонија и граѓаните. Ова укажува дека некој сериозно ја манипулира перцепцијата за јавното мислење за процесите кои се наметнуваат овде.

ЕУ не смее да си дозволи ново омаловажување и разочарување на Македонија во евроинтегративниот процес и мора да ја препознае русофилијата во бугарските барања.

Македонскиот јазик, идентитет, историја, учебници, споменобележја нема и не смеаат да бидат „администрирани“ со протокол.

Постојат граници кои никако не смеат да се преминуваат, пишува на Фејсбук секретарот за меѓународна соработка на ГРОМ, Александар Трајановски.

https://www.facebook.com/aleksandartr/posts/pfbid02PMJFsCabkMCxrr7TsSD4WQQnGGF96kcJg7F6u97zK2UKRMynkw9Sa4SgjYwXXjbml

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…