Трајановски за самоволието на Славевски: Не останува друга инстанца освен Инспекторатот за локална самоуправа!

t

Заменик-градоначалникот на Градот Скопје, Александар Трајановски, денеска од говорницата во Советот на Градот упати жестоки критики за претседавачот со Советот на Градот Скопје, Трајко Славевски, кој самоволно се обидува да симне од дневен ред важни точки, меѓу кои и набавката на автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие.

– Можевме да го слушнеме отворањето на седниците во кои се влезе во објаснување зошто некои точки треба да се тргнат од дневен ред, јас како советник и господинот покрај мене имаме исти права, јас ќе го повикам него, правните служби, секторот од Град Скопје, да се произнесат сите заедно, од него не барам бидејќи неговите толкувања неколку седници се произволни и надвор од Деловникот. Некој произволно да си заклучува дали некои точки ќе се најдат на дневен ред, не е негово право, некои точки има притисок да не се стават на дневен ред за да нема критики од јавноста доколку не се изгласат, една од нив е набавка на автобуси за ЈСП, ова толкување и џвакање на Деловникот се крајно произволни и не останува друга инстанца освен претставки до Инспекторатот за локална самоуправа. Самоволието во отстранување на точки на дневен ред не може да се дозволи да биде во рацете на еден човек, тој си земал во свои раце да ја дели финансиската поддршка за советниците, јас како човек кој сум 4 години пред него во Советот на Град Скопје, можам да кажам дека луѓе од неговата партија се труделе да направат нешто за овој град, истакна Трајановски по што Славевски во диктаторски стил го прекина преносот од седницата за краток период.

На ваквиот однос се спротивстави и советничката Ирена Витина која истакна дека:

– Јас ќе ве прашам Вас согласно кој член од Статутот на советот, од Деловникот за работа на Советот вие прочитавте и каде пишува дека одлуки кои се ставени на дневен ред, а не се поминати, каде тоа го пишува, ве молам да ми прочитате. Вие брутално го кршите Деловникот и Статутот на Град Скопје, како што ни објаснивте дека на координативно тело се договарате кого ќе вклучувате онлајн, кој не, така и денес повторно по некои ваши убедувања вие демонстрирате сила и го нарушувате наместо да го спроведувате редот во оваа сала, креирајќи си сопствени правила, вели Витина.

Против самоволието на Славевски е и советничката група на Левица, а советникот Мециновиќ праша дали советот ќе ја сноси одговорноста за евентуални потешкотии во работењето на ЈСП.

Политички легитимитет има најмногу нашата советничка група, вие ја претставувате политичката волја на СДС. Јас како советник имам едно прашање, со оглед на тоа дека имаме претседател на минатиот осстав на совет тука таа можеби подобро знае дали постоело тргање на точки од дневен ред без Советот да се произнесе за тоа. Мене не ми е јасно, моето прашање е каде се разликува процедурата во тоа што точките за паркинг се повторуваа се додека не дојде до нивно гласање, а сега овие кои не се изгласани не можат, посебно што во јавност излегуваат информации дека возачи ќе го напуштаат ЈСП, сега ќе нема ни автобуси ни возачи, дали овој совет ќе ја сноси одговорноста ако се случи крах во јавното претпријатие, истакна Мециновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…