Трајановски: Надвор чекаат луѓето да земат плата, да излегувате и да прашувате за автобуски линии е мизерно и перверзно!
Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски и член на Советот на градот, побара да се одобри исплата на субвенциите за ЈСП. Според него, ова што се случува е срамота и изрази поддршка за вработените.
„Како може уште да дебатирате, надвор чекаат луѓето да земат плата, јака им душа како прекрцале во декември и јануари. Да излегувате и да прашувате за автобуски линии е мизерно и перверзно“, рече Трајановски.
Тој додава: „Во тоа јавно претпријатие не работат луѓе од само една политичка определба, не купувајте вака политички поени“.
Укажа дека одговорноста е кај советниците.
„Оваа деструктивност не треба да се користи како политика, нека има исход позитивен. Ако мислите дека можете друг да посочите како кривец, се лажете. Одговорноста е кај нас. Граѓаните ни ја дале“, додава Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…