Трајановски: Ова е крајно непочитување на граѓаните, советнички групи цел мандат не истераа целосна седница!
Советот на Град Скопје ја прекина денешната седница откако голем дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не дојдоа по паузата од седницата.
На ова реагираше заменик-градоначалникот Александар Трајановски кој смета дека тоа е неодговорно кон граѓаните.
– Јас не знам со која доблест прекинуваме седници, одложуваме приватни обврски, ние сега немаме кворум. Ние имаме советнички групи кои цел мандат немаат истерано седница до крај, се доведуваме на раб на кворум, на што личи ова. Ова е крајно непочитување, ај спрема Градот и градоначалникот знаеме каков став имате, ама ова е некоректно спрема граѓаните.
Не може да се доаѓа само за 15 минути за потпишување на почеток, ајде да го смениме Деловникот ако не, кој ќе излезе од седница да влезе во записник, вели Трајановски кој додава дека седницата беше прекината поради приватна обврска на претседавачот Трајко Славевски.
– Вие излеговте со службено возило на приватен настан, не знам каков, не го претставувавте Градот таму, ние тука ве чекавме, вели Трајановски пред Славевски да му го одземе зборот и да ја прекине седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…