Трајановски: Политички незрело е советниците да не гласаат набавка на педесетина нови еколошки автобуси за ЈСП

t

Во мое лично име јас ќе кажам дека во мојот 6-годишен мандат како советник јас немам присуствувано само на две седници и тоа биле оправдани отсуства каде сум приложил документација зошто не сум присуствувал на седниците.

Пред да ја обвинат градоначалничката за неприсуствување на сениците на Советот, колегите советници треба да се погледнат во огледало и да кажат дека тие 15-тина минути во Советот на Град Скопје треба да се смета како нивно присуство. Од друга страна не знам зошто се изненадени од неприсуството на градоначалничката затоа што истите тие пред септември месец минатата година, до 12. седница на Советот, лично од говорницата на Советот објаснуваа како моѓе да се држи седница, притоа градоначалникот на де биде присутен на истата.

Од друг аспект, треба да има повторно една соработка меѓу институции, во овој случај претседателот на Совет и кабинетот на градоначалникот. Во неколку наврати на претседателот на Советот му имам кажано дека не е коректно седниците на Советот да се закажуваат на крајот на секоја седница со точен датум, од аспект на тоа што кога подготвува градската администрација материјали за совет тоа е жива материја која се сработува денови, некогаш и часови, се во прашање.

Го посоветував да дава флексибилен период од 4-5 дена за да не се доведуваме во ситуација да се бара подолг период за сработување на точките. Потоа се предложуваат дополнителни точки на дневен ред, истите некогаш се прифаќаат, некогаш се одбивата поради тврдоглавост и се нема консензус на сите чинители за одржување на Седницата на Советот.

На две седници во изминативе две месеци, сите занаевме дека градоначалничката ќе биде во странство, таа агенда за посета на Америка ја имавме месеци претходно. И дел од градоначалниците од нивната политичка паритја без во Америка.

Значи закажуваат седници кога градоначалничката не е тука и сакаат да биде присутна.

Начинот на водење на седниците дозволува напад и јавен линч на градоначалничката и на сите кои ја бранат програмата, процедуралните обраќања се користат за јавен линч од говорницата, од друга страна кога ние ќе се обидеме да побараме процедурачно обраќање за да посочиме дека нешто не е во рамки на Деловникот, се бориме за збор.

Повторно ќе напоменам дека станува збор за политичка неволја и не знам како би можеле да ја надминеме, вели Трајановски.

Во однос на навабката на нови автобуси за ЈСП Трајановски вели:

– Мене ми е многу жал што веќе половина година се бориме со колегите советници од сите политички партии да ја добиеме нивната согласност за задолжување за набавка на автобусите. Градоначалничката на Град Скопје во неколку наврати многу транспарентно се обрати пред се во Советот, дека условите ќе бидат презентирани овде, станува збор за задолжување од домашен кредитен фактор, заедно ќе одлучиме за најповолната стапка и слично, но колегите советници сметам дека се уште не моѓат да се одважат од својата политичка опструкција на Град Скопје.

Ако сте оделе пред граѓаните да ја промовирате програмата која предвидува набавка на 250 автобуси, а сега не сакате да гласате набавка на педесетина автобуси, станува збор за политичка незрелост. Не можеме да кажеме дека сме за рњализација на програмата, воедно да го блокираат задолжувањето за нови автобуси кои се патем електрични. Треба да прифатиме дека набавка на 250 автобуси е голем залак за еден мандат, обновувањето на флотата на ЈСП треба да се врши етапно на секои неколку години. Ако претходниот градоначалник купи 30-тина автобуси на мазут, ние во наредниве две треба да купиме 30-50 автобуси за за десет години да имаме нови 100 автобуси. Дополнително БРТ проектот овозможува купување на нови автобуси, истакна Трајановски кој додаде дека БРТ не е отфрлен проект туку тој бил популистички искористен во предизборната кампања на претходниот градоначалник и има грешки во проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…