Трајановски: Советниците да си го прочитаат Деловникот! Едно зборуваа пред една година, друго сега…

t

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои денеска велат дека градоначалникот на Град Скопје задолжително мора да присуствува на седницата на Советот наменета за советнички прашања, пред неколку месеци објаснуваа дека присуството воопшто не е задолжително доколку се присутни секторите и јавните претпријатија на градот, истакна во денешното процедурално обраќање советникот Александар Трајановски.

– Оваа прилика ќе ја искористам да го опоменам претседателот дека во минатото често пати се повикувал дека не дозволувал да се зборува за лица кои не се присутни во салата, така и во претходното процедурално обраќање беа изнесени тези каде, што и зошто била градоначалничката, која патем не е овде, а зборуваат за неа.

Точната информација е дека градоначалничката е на терен, на средба со граѓаните, се реализираат проектите од програмата “За Модерно Скопје”, затоа ќе го замолам претседателот во иднина како за партиски припадници на ВМРО-ДПМНЕ кога внимава дали се зборува за нив, истиот третман да го добие и градоначалниокт на Град Скопје, госпоѓата Данела Арсовска.

Што се однесува до условите за одржување на седницата, ќе се повикам на процедуралното обраќање на колешката, не сакам ни името да ѝ го спомнам, да не вадам записи од претходни седници кои исто така се снимени и се јавни, да не ги емитувам од оваа говорница со звук и видео, на кои истата личнот којашто кажува дека нема услови за држење на седница за советнички прашања и дека градоначалничката морала задолжително да биде присутна овде, истата таа советничка патем, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од истата оваа говорница кажа дека седница за советнички прашања може да се одржи, без присуство на градоначалничката доколку сите сектори на градот се присутни, како што и гледам дека се и доколку се присутни сите јавни претпријатија.

Затоа ќе ги замолам советниците, пред се личноста на која процедурално ѝ се обратив, да не го злоупотребува процедуралното обраќање, да го прочита барем еднаш деловникот за работа на Советот на Град Скопје, а претседателот да не ја следи таа волја на неправилно водење на седниците, истакна Трајановски.

Седницата траеше вкупно 30 минути, по што истата беше прекината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…