Трајанов: Една изборна единица ќе обезбеди еднаква тежина на секој пратеник

t

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме околу тоа дали треба да има една изборна единица. И додека пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири смета дека неговата партија е против, Павле Трајанов од Демократски сојуз смета дека само со една изборна единица може да има демократизација на Македонија.

Трајанов додаде дека во 30 години се менуваат само две политички партии како главни на политичката сцена, и дека тоа може да се смени со една изборна единица.

„Треба да има секој пратеник иста тежина, тоа може да се обезбеди само со една изборна единица. Демократизација на Македонија ќе нема со шест или осум изборни единици. 30 години се менуваат само две политички партии. И кажете ми дали имаме ние квалитетни промени во многу области? Се компарираме со Албанија, а таа оди пред Македонија, а ние бевме 20-30 години пред нив. Косово која е помлада држава, по многу елементи има подобро движење, подобар развој. Во Словенија имаме промена, секаде има промена, во Косово, па се менуваат и во Албанија, сакам да кажам дека многу важно е да има промени на изборните правила“, рече Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…