Објавено на:

Трајанов: Нов закон за амнестија поврзан со уставните измени

t

Во емисијата Само Вистина на ТВ Канал 5, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, изјави дека СДСМ и ДУИ подготвиле сосема нов закон за амнестија.

Во емисијата Само Вистина на ТВ Канал 5, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, изјави дека СДСМ и ДУИ подготвиле сосема нов закон за амнестија со кој треба да се ослободат од натамошно издржување на казните осудени лица, потоа да се запре постапката за тие што сѐ уште трае, а во функција на обезбедување гласови за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат вградени во Уставот на Македонија.

Инаку, со овој закон се опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април 2017 година, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.

Во подготовката на Законот за амнестија вклучени се експерти, обвинители и адвокати, а направен е и преглед на кривични дела за кои се осудени или се води постапка против носители на функции кои треба да бидат опфатени со амнестијата.

Во суштина, сѐ е подготвено онака како што беше одлуката за аболиција донесена од Ѓорге Иванов, со тоа што наместо аболиција сега ќе се оди со амнестија, закон кој треба да го донесе Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици

Албанската влада го донесе Предлог- законот за…

Помилување не може да се поништи, постапувањето…

Ќе понесе ли одговорност за евентуалната штета…

Трајанов: Нов закон за амнестија поврзан со…

Во емисијата Само Вистина на ТВ Канал…

Денес стапуваат на сила измените на КЗ

Од денеска стапуваат на сила измените на…