Објавено на:

Трајковски откри дека му се јавил Пандев – еве што му порачал, овие магични зборови се клучот за успехот вечерва!

t

Македонската сениорска фудбалска репрезентација вечерва го игра клучниот меч за пласман на Светското првенство во Катар и тоа против Португалија на нејзин терен во Порто на „Драгао“.

Ова е меч да се биде или не, меч кој може да се ја одбележи оваа генерација затоа што е голема прашање кога повторно ќе бидеме во ваква ситуација, на еден чекор од место на мундијалот-најголемата фудбалска сцена.

Еден од нашите адути во битката со Португалците дефинитивно ќе биде Александар Трајковски кој беше наш херој против Италија во Палермо. Офанзивецот се надева дека ќе одиграме уште една партија на највисоко ниво и ќе можеме да испишеме историја.

– Мислам дека ќе биде малку поразличен натпревар од полуфиналето. Мислам дека Италија е многу тактички подобра од Португалија која пак има подобри поединци. Врвни играчи кои можат да направат разлика со потег. Ќе биде голем предизвик да се одбраниме од нивните напади. Нашата шанса на овој натпревар е што немаме што да загубиме, додека би можеле многу да добиеме. Никој не очекуваше да бидеме овде.

– Од друга страна, тие ќе имаат многу поголем притисок врз себе. Треба да ја оправдаат улогата на фаворити пред домашните навивачи, во дуелот да се биде или не. Ќе се обидеме тоа да го искористиме. Во ваквите мечеви едноставно треба да ги искористите шансите што ќе ги имате. Во Лисабон ќе бидеме посилни за Елмас и тоа секако многу ќе ни значи. Се надеваме на уште една голема победа и остварување на сонот, истакна Трајковски за „Блиц“.

Екс напаѓачот на Мајорка воедно откри дека Горан Пандев имал комуникација со него и останатите репрезентативци.

– Се разбира се јави Горан. Тој многу добро знае колку ни значи сето ова и ни честиташе. Кажа дека треба повторно да излеземе храбро против Португалија и дека заслужуваме успех. Сега што се однесува до неговото евентуално враќање, не би знаел да ви одговорам. Сигурно е дека ни недостига таков ас, сите знаевме дека ќе ни фали кога најави повлекување од репрезентацијата, но мора да ја почитуваме неговата одлука, изјави херојот од „Ренцо Барбера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирски: Ситуацијата на фронтот е исклучително тешка,…

Врховниот командант на вооружените сили на Украина…

Мајка од Охрид чува стража пред училницата…

Магдалена Милевска од Охрид, мајка на дете…

Брнабиќ: На изборите во Белград СНС во…

Претседателката на српското Собрание и потпретседател на…

(Видео) Грците да бидат спокојни: Сиљановска ќе…

кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска…

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе…

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето…