Трајно решавање на уште еден голем проблем: Град Скопје воспоставува систем за управување со отпад во скопскиот плански регион

t

Град Скопје ќе воспоставува систем за управување со отпад со општините од Скопскиот плански регион – соопштија денес од Градот Скопје.

“Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за склучување на Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво. Со оваа одлука се предвидува Градот Скопје да склучи Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво со општините во рамки на Градот Скопје, како и со општините од Скопскиот плански регион: Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево.

Оваа одлука се носи поради исполнување на законските барања од измените во Законот за управување со отпад, каде што е наведено дека Град Скопје и соодветните општини треба да донесат спогодба со која се уредуваат меѓусебните права и обврски во здружувањето за воспоставување и обезбедување услови за функционирање на регионалниот систем за управување на отпадот, односно централен објект за управување со отпад (регионална депонија за отпад), претоварните станици и други објекти и инсталации за управување со отпад.

Еден од приоритетите за функционирањето на регионалниот систем е формирање на меѓуопштински одбор за управување со отпад, кој треба да се формира во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Во рамките на Центарот за развој на секој плански регион треба да се формира Организациона единица за регионално управување со отпад чија основна задача е изготвување на нацрт-верзија на регионалниот план за управување за отпад. Овој регионален план треба да се достави до Меѓуопштински одбор за управување со отпад, а истиот потоа треба да се усвои од советите на општините и од Град Скопје, по претходно одобрување од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Регионалниот план се носи за период од шест години, а по неговото усвојување од советите, организационата единица е должна да го следи планот и да изготвува извештај за неговата реализација.” – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гардијан: Нуклеарна централа во Велика Британија „протече“…

Безбедносните прашања во Селафилд доведоа до тензии…

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија…

Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски…

(Видео) Хаос: Скопје и утрово е блокирано!

Скопје и утрово е блокирано поради Самитот…