Трговијата со луѓе со пораст од 25 проценти, возрасните жени најзагрозена група
Глобалната комисија за трговија со луѓе, под покровителство на Обединетите Нации, во последниот извештај прикажа пораст од 25 отсто во бројот на жртви на трговија со луѓе во 2022 година, во однос на бројот на пријавени случаи во 2019-та година.
Според извештајот, овој пораст е последица од зголемените конфликји ни светот, климатските промени и глобалните кризи.
Зголемениот број на малолетни момчиња, идентификувани како жртви на оваа трговија се должи на нивна масовна миграција кон Европа и Северна Америка без никаква придружба.
Африка е на прво место со 26 проценти од вкупниот број на жртви, а зад неа следат Северна Америка, Западна и Јужна Европа.
Комисијата додава дека организираниот криминал е исто така значаен фактор во трговијата со луѓе.
„Криминалците се повеќе ги користат луѓето за принудна работа, додека жените и девојчињата често стануваат жртви на сексуална експлоатација и насилство“, велат во извештајот.
Децата сочинуваат 38 отсто од сите откриени жртви, што е за 3 проценти повеќе во споредба со 35 проценти во претходниот извештај од 2020 година.
Најголема група жртви и натаму се возрасните жени, кои сочинуваат 39 отсто од случаите, потоа мажите со 23 отсто, девојчињата со 22 отсто и момчињата со 16 отсто.
Причина за повеќе од 60 проценти од трговија со жени и девојчињата била сексуалната експлоатација, додека мажите и момчињата најмногу биле користени за принуднаработа- 47 отсто, а исто така за принуден криминал и питачење , кои опфаќаат околу 45 проценти од целокупниот број на случаи.
Вкупниот број на жртви на трговија со луѓе во 2022 година изнесува 69.627.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…