Трговците ја скроија листата на производи кои би ги поевтиниле, предлагаат маржи од 3 до 15 отсто
Шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо, да бидат со маржа од 3 проценти. За лебот, тестенините, оризот, за солта, за кафето, оцетот, за квасецот, рускиот чај, урдата, видови сирење, кашкавал, јајца, ајвар, зеленчук, овошје, пиво, бело и црвено вино, како и за дел од средствата за хигиена – прашок, паста за заби, тоалетна хартија, и друго, трговците предлагаат маржа од 10 до 15 проценти.
Од Стопанска комора за трговија на мало и големо, каде ја подготвија листата, сметаат дека цените можат да ги намалат и предлагаат да има поевтинување на околу 150 продукти, а мерката да важи од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и претстојните празници Рамазан и Велигден.
Трговците и дистрибутерите очекуваат од утре да добијат одговор од Владата дали е прифатлив овој предлог или не. Не е познато што ќе се случи и дали Владата ќе го прифати овој предлог, затоа што не се во земјава ниту министерот за економија Бесар Дурмиши, ниту премиерот Мицкоски, со кои имаа состанок минатата недела.
Предлогот од Комората е подготвен откако Владата претходно одлучи да ги замрзне маржите на дел од производите на 10 отсто до крајот на април. Но, тоа се уште не се реализира затоа што најголемите трговци и дистрибутери во земјава побараа итен состанок со Владата за да ги кажат своите аргументи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…