Тревога во Германија: Пронајдено сомнително шишенце, страв од радиоактивност
Германските власти подготвуваат истрага за шишенце означено како „Полониум-210“, пронајдено за време на велигденско барање јајца во близина на Штутгарт, за да утврдат дали содржи потенцијално смртоносна супстанција.
Експерти од покраинското Министерство за животна средина утре ќе го отворат и испитаат шишенцето, откако двајца мажи го пронашле вчера во една градина, што предизвика голема итна интервенција поради страв од радиоактивност.
Началникот на противпожарната служба, Енди Дорох, изјави дека биле извршени првични мерења на самото место, но тие не покажале присуство на радијација. Двајцата мажи не се повредени.
Откритието доведе до голема операција на пожарникарите и полицијата во градот Вајхинген ан дер Енц, северозападно од Штутгарт.
Покраинското Министерство за животна средина го отстранило пластичното шишенце од безбедносни причини, соопшти полицијата.
Министерството ќе го анализира шишенцето и, доколку е потребно, ќе спроведе деконтаминација, соопшти градскиот совет.
Полониум-210, потенцијално смртоносна радиоактивна супстанција, е особено опасен ако се вдише или апсорбира преку кожата, особено преку отворени рани, според Федералната служба за заштита од радијација.
Пожарникарите оцениле дека шишенцето и неговата содржина изгледаат автентично според изгледот и тежината, иако сите мерења во околината биле негативни.
Случајот потсети на убиството на Александар Литвиненко, критичар на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен разузнавач, кој почина во 2006 година по труење со полониум-210.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…