Трендафилов: Дојдовме по нивните плати!

t

Ќе ги намалуваат нивните или ќе ги зголемуваат работничките плати?

Сојузот на синдикати денес во Собранието поднесе иницијатива за измени на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Со тоа, како што велат од Синдикатот, побара од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, ќе соберат 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени на Законот. Сојузот на синдикати бара, кога веќе пратениците не го гласаат Законот за раст на минималната плата, тогаш да се солидаризираат со работниците и да си ги намалат своите плати за 78 проценти, онолку колку што ги зголемија во април 2023 година.

– Сојузот на синдикати на Македонија, врз основа на член 71 од Уставот и правото кое ни е дадено, денеска достави иницијатива за измени и дополнувања на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката. Иницијатива е да се измени членот 11 од истиот закон и место како досега, основица за пресметка на плата на функционерите да биде просечната плата, да биде минималната плата. Дополнително бараме коефициентот на сложеност за утврдување на надоместокот на плата и на платите утврдени со овој закон, да се намали за 40 проценти, или тоа е вкупно 80 проценти намалување на платите на функционерите, затоа што тие безобразно не ги зголемуваат платите на работниците и ја чуваат иницијативата на ССМ во фиока, па минималната плата денеска ни е најниска не само во регионот, туку во Европа – рече претседателот на ССМ Слободен Трендафилов откако излезе од Собранието, држејќи ја иницијативата во рака со печат на неа, дека е примена во архивата на Собранието.

Тој потенцираше дека не смее да има дискриминација во однос на платите и дека Синдикатот не смее да биде уценуван со укинување одредби од Општиот колективен договор во јавниот сектор.

– Иницијативата што денес ја предадовме, пратениците имаат време да ја разгледаат и да ја стават на седница во вторник – рече Трендафилов.

Членот 11 на кој се повикува Синдикатот, овозможува секоја година платите на пратениците, на министрите и на сите други функционери, кои ги има околу 1.080, да растат секоја година. Затоа што основицата зависи од просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Во 2024 година за да нема енормно зголемување на платите на функционерите, веднаш по растот од 78 проценти, се намалија коефициентите. Инаку требаше платата да порасне за уште 15 проценти. Во 2025 година исто немаше раст, односно платите се замрзнаа. Но, како што вели Синдикатот, ако сега се одмрзнат, тогаш тие дополнително ќе пораснат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: Дојдовме по нивните плати!

Ќе ги намалуваат нивните или ќе ги…

ССМ поднесе иницијатива за 80% пониски функционерски…

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) поднесе…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

По пријава од физичко лице, екипа на…

Ќе удри утринската зора и за нас!…

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години…

ССМ одлучи: Во вторник ќе ги блокираат…

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…