Трендафилов: Жално е кога синдикалци поддржуваат владини политики!

t

Протестот е начин на 1 Мај да изразиме незадоволство од висината на платите на работниците во Македонија кои се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот, во текот на утрешниот ден да ни се приклучат на протестот, изјави првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов за утрешниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Трендафилов истакна дека кога работодавачите и Владата ќе ги зголемат платите, работниците ќе можат да си купат сендвичи, но и многу други работи за нивните семејства.

-На утрешниот протест нема да се делат сендвичи, потенцира претседателот на ССМ.

Трендафилов жали што дел од другите синдикални здруженија прават штета и „кога синдикалци поддржуваат владини политики, тоа секогаш е на штета на работниците“. Критикуваше дека другите синдикати слават Први мај на 30-ти април.

Изминатите години се вртеше скара за Први мај пред Владата. „За работникот ќебап, за вас бифтеци“ пишуваше тогаш на еден од транспарентите на маршот на Конфедерацијата на слободни синдикати што се организираше одделно од протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатите и Владата повторно на иста маса…

Синдикатите бараат инфлацијата да биде основниот параметар…

ССМ ѝ порачаа на власта: Ќе ви…

Работниците се лути на функционерите кои си…

Деаноски: Поради инфлацијата покачување на платите под…

Претседател на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски…

(Видео) Големи протести во Белгија: Синдикатите бараат…

Стотици белгиски синдикални активисти се собраа пред…

Синдикатите побараа Ковид додаток – Еве кои…

Поради лошата состојба предизвикана од економската, здравствената…