Синдикатите побараа Ковид додаток – Еве кои и зошто

t

Поради лошата состојба предизвикана од економската, здравствената и енергетската криза, во којашто се наоѓаат пензионерите, Пензионерскиот синдикат на Македонија бара почитување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно спроведување на членот 37, став 4 и 5. – Пишува во соопштението до медиумите од КСС во име на пензионерскиот синдикат, кое го пренесуваме интегрално.

Сметаме дека порастот на минималната плата и порастот на просечната плата во изминатиот период овозможуваат услови за редовно усогласување на пензиите на 1 април, согласно наведениот член.

Мораме да нагласиме дека параметарот за усогласување на пензиите според растот на просечната плата е изоставен од актуелниот Закон со неговата измена во 2018 година.
Од тогаш навака пензиите повеќе стагнираат, отколку што растат (минимален раст согласно со индексот на трошоците за живот).

Пред измената на Законот во 2018, соодносот на просечната пензија со просечната нето исплатена плата во Република Македонија изнесуваше над 60 %. Ако ја земеме за пример, исплатената просечна плата за ноември 2021 година (согласно ДЗС), просечната пензија би требало да изнесува 17,478 денари.

Сакаме да нагласиме дека во дел од соседните земји, од прогласувањето на ковид кризата се уште се исплаќаат ковид додатоци за сите пензионери (во некои од земјите линеарно, додека во други земји, каде што пензионерите имаат подобри услови за живот, исто така добиваат ковид додаток кој е скалесто определен). Затоа ПСМ бара да се исплати ковид додаток со којшто ќе бидат опфатени сите пензионери и возрасни лица приматели на социјална помош и возрасни лица кои немаат никакви приходи.

Сметаме дека пензионерите со најниски пензии треба да земат најголем износ на ковид додаток, за разлика од останатите, односно оние со повисоки пензии. Ова го велиме од причина што на примателите на пониски пензии не им се доволни средствата за набавување на одредени лекарства и суплименти за нивната здравствена состојба.
Согласно горе изнесеното, Пензионерскиот синдикат е на ставот дека треба да се изврши измена на членот 37 од Законот за ПИОРСМ за усогласување на пензиите со кои ќе бидат опфатени параметрите: порастот на просечно исплатена плата и порастот на трошоците за живот, со кои ќе се овозможи редовно усогласување на пензиите и ќе се овозможи достоинствен живот на пензионерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…