Трендафилов: Нема да дозволиме функционерите пак да добијат зголемување на плататата за 78%
На барање на Министерот за финансии Фатмир Бесими утре ќе има средба меѓу министрите и претседателите на сојузи и конфедерации на синдикати за да се надмине проблемот со зголемување на платите. Ова вечерва во емисија на ТВ„24“ го изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
„Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да земаме поголеми плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на најсико работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември“, изјави Трендафилов.
Тој објасни дека според некои најави во септември и функционерите ќе добијат зголемување на платите заедно со сите други вработени во јавниот сектор, што според него е недозволиво. Трендафилов смета дека функционерите треба да се откажат од зголемувањето од 78% и од септември платата да биде зголемена за сите.
На утрешната средба во Министерството за финансии, министерот Фатмир Бесими треба да ги изложи пресметките за зголемување на платите и како Буџетот ќе го издржи тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…