Тренчевска: Инфлацијата е потсмирена

t

Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна дека се следат состојбите и оти не мора да значи дека мерката нема да продолжи и по утврдениот рок ако економскиот тим на Владата одлучи дека дава ефекти.

Тренчевска е задоволна од одлуката што беше донесена вчера на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата бидејќи, како што истакна, е резултат на системско решение од минатата година кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија врз основа на која ќе се зголемуваат платите.

-Токму со ова решение имаме одлука за минимална плата од март 2023 од нето износ 20.175, што значи дека во државата нема да има основна плата под оваа сума. Дури и во услови на криза минималната плата расте. Со минималната плата ќе пораснат и другите плати, онаму каде матичните закони се усогласени со Законот за минимална плата, односно каде во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари, рече Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…