Тридневен штрајк на таксистите во Грција

t

Од 6 часот утрово, таксистите во Атина започнаа тридневен штрајк, организиран од нивниот синдикат, додека пак во цела Грција ќе штрајкуваат утре и задутре, со што земјата ќе биде без такси превоз.

Преку штрајкот, таксистите уште еднаш ги повторуваат нивните барања, а главното е пролонгирање на законската обврска сите такси возила во Атина и Солун постепено да се заменат со целосно електрични, што се спроведува од почетокот на годинава, како и решенија за нелојалната конкуренција.

Во рамките на тридневниот штрајк, такси возачите во Атина денеска ќе одржат протест со нивните автомобили до Министерството за транспорт и инфраструктура, утре планираат протест на аеродромот, додека за четврток закажаа протест пред Премиерската палата.

Штрајкот на таксистите и во Атина и во цела Грција ќе заврши в петок во 6 часот наутро.

Во период од еден месец ова е четврти штрајк на таксистите.

Во цела Грција одржаа 48-часовен штрајк на средината на јануари, во Атина беше продолжен со уште еден ден, една седмица подоцна грчката метропола повторно беше два дена без такси превоз, а слична беше ситуацијата и на почетокот на месецов кога такси возачите во Атина штрајкуваа 48, а во Солун 24 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…