Трилатерална средба за обнова на соработката помеѓу Јужна Кореја, Кина и Јапонија
Министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Кина и Јапонија денеска се сретнаа во јужнокорејскиот пристаништен град Бусан со цел да ја обноват соработката меѓу соседните земји и да подготват трилатерален Самит.
Уште во 2098 години Сеул, Пекинг и Токио се согласија на годишни средби, но тие не се одржуваа редовно поради билатералните спорови и пандемијата. Последна средба на лидерите на трите азиски земји беше во 2019 година.
– Пред сè, важно е да се продолжи со институционализирање на трилатералната соработка за таа да стане стабилен и одржлив систем, изјави шефицата на јужнокорејската дипломатија Парк Џин.
Таа денеска имаше одвоени средби со јапонскиот и со кинескиот колега, Јоко Камикава и Ванг Ји.
Парк и Камикава го осудија лансирањето на првиот севернокорејски шпионски сателит минатата недела и се согласија да ги засилат реакциите на договорите за оружје помеѓу Пјонгјанг и Москва, се истакнува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Камикава, сепак, ја опиша како „крајно жална“ одлуката на јужнокорејскиот суд за Јапонија да плати компензација на група жени принудени да работат во борделите на јапонската армија за време на Втората светска војна.
Високиот кинески дипломат Ванг Ји посочи дека Пекинг е подготвен да работи со Токио и Сеул за да ја врати трилатералната соработка на вистинскиот пат и да се залага за нејзин стабилен и одржлив развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…
Кина лансираше девет сателити за научни експерименти…
Кина вчера успешно лансираше девет сателити во…