Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата
Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател дека законите важат подеднакво за сите сегашни и поранешни функционери и затоа апелирам овој случај да се истражи до крај, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Според Трипуновски нема закана ниту за ИПАРД средствата, ниту пак по националните плаќања што ги има Македонија како држава.
„Владата покажува неселективна борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба. Ваквите случаи во минатото не се случуваа, некако претходната власт сакаше да го затскрие секој криминал. Под притисок на јавноста можеби ќе се преземеше некаков активност, повеќе шминка отколку дела. Ги охрабрувам надлежните институции да го истражат целиот случај до крај затоа што само на тој начин ќе можеме да превенираме некакви идни дејствија во иднина“, рече тој.
На прес-конференција од седиштето на СДСМ денеска пратеникот и поранешен министер за земјоделие, Љуочо Николовски обвини дека во опасност се милиони кои државава ги добива од ИПАРД програмата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителката Поп Трајковски: Цената за заобиколување на…
„Почнува судење не само против обвинетите, туку…
Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор…
Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина…
Одобрени обвинителните акти за полициски службеници поврзани…
Советот за оценка на обвинителен акт, при…
Поднесено обвинение против повеќе лица за кривични…
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од…
Тренчевска: Поради корупција на власта EK ја…
Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за…