Трипуновски од Кавадарци: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

t

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Она што сакам да го соопштам е рекордната цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка. Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм“, посочи министерот.

Во текот на својата изјава, министерот додаде дека се постигна рекорд во делот на лозаропроизводството.

„Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, го вреднуваме и цениме трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро“,појасни тој.

Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.

Тој потсети дека минатата година беше намален приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата.

„Во делот на Водостопанството даваме максимални напори да ја покриеме целата површина, со одредени помали застои кои што се јавија поради технички проблеми. Успешно го менаџираме процесот наводнување и поради тоа очекуваме зголемен принос оваа година“, заклучи министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун,…

Милијардерот и поранешен шеф на Формула 1,…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Сиљановска-Давкова: Градењето држава е долг процес, потребни…

По повод 8 Септември, Денот на независноста…

По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…

По повод одбележувањето на 8 Септември –…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…