Трипуновски: Ќе се распише нов оглас за вработување во МЗШВ, потребна е поголема транспарентост

t

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека ќе има нов оглас за вработување што го стопирал во времето на техничката Влада.

Трипуновски ова го најави од денешната теренска посета на земјоделските површини во општините Тетово и Јегуновце каде имаше штети од невремето во неделата.

-Огласот за вработување го стопирав од едноставна причина, зашто беше распишан во предвечерието на формирање на техничка влада. Знаете дека власта што замина секој момент го користеше за политичка злоупотреба, манипулација, притисок, залажување на граѓаните и сметам дека секој граѓанин во државата заслужува на една транспарентна постапка да учествува и да биде избран по своите квалификации, а не по партиска припадност и затоа тој оглас го стопирав. Во наредниот период по сондажата на Министерството и согласно потребите, ќе биде распишан и ќе бидат избрани најчесните кадри без разлика на партиска, верска или каква било припадност, изјави Трипуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…