Трифуновски: Премиерот ќе ја контролирал цената на лебот! Па што учел на Харвард? Нека му каже некој пред да ја изгладни Македонија, да ги укине дозволите за увоз на брашно и жито

t

Политичката контрола врз цените СЕКОГАШ И СЕКАДЕ носела мизерија, сиромаштија, недостиг на производи…и понатаму шверц, зголемена корупција врз институциите и распад на системот. СЛОБОДНИОТ ПАЗАР (по ново Капитализам) стои позади високиот животен стаднард на сите држави на кои денес им се восхитуваме.

И сега премиерот на Македонија, пазете ве молам, дипломец на Харвард, збори дека ќе ја контролирал цената на лебот.

Па добро, што учел на тој Харвард, плански петтолетки?

Зарем е можно да не учел ништо за слободниот пазар во Америка, за индустриската историја на Америка?

Како Америка станала економска сила… со државна контрола на цени? Или со пљачкање црнци и индијанци, како што тврди Комунистичката Интернационала?

НЕ… туку со СЛОБОДЕН ПАЗАР, кој им овозможил на сиромашните имигранти (како Тесла, Пупин, Шевролет, Кодак, итн, итн) да создаваат за профит, и тоа да создадат производи кои од темел го промениле човештвото…во подобар правец.

Нека му каже некој на премиерот, пред да ја изгладни Македонија, да ги укине дозволите и квотите за увоз на брашно и жито…поготово од НЕ-европските земји (гајле ми е што ќе каже Брисел, народот не смее да биде гладен)… а не да си игра со цени, во бизнис за кој благе везе си нема.

Поготово нека си го чукне по глава оној клошар од Министерство за Земјоделие. Малиот влегол у филм, дека преку сателит ќе ги „контролирал“ земјоделците, дали садат согласно неговите дозволи и замисли. ИДИОТ!

Нека ги пушти земјоделците да садат она што сакаат, она што им го бара пазарот. Цените НЕ се само социјална категорија, тоа се пред се СИГНАЛИ кои ги праќа пазарот, сигнали за тоа што им недостасува на обичните луѓе.

Кога цените во еден сектор растат, привлекуваат повеќе инвеститори кои сакаат да заработат. Понатаму новите инвестиции ја зголемуваат понудата. Зголемената понуда и конкуренцијата меѓу понудувачите потоа ја симнува цената. Ама за тоа е потребен и СЛОБОДЕН ПАЗАР, секој да може да увезува, произведува и тргува со жито, брашно и леб. Слободен пазар без НИКАКВИ политички ограничувања, и по можност со што пониски даноци.

Се друго ќе значи глад.

(фејсбук статус на Виктор Трифуновски)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…