Трифун Костовски: Човек

t

Почитувани читатели,
Воден од животното искуство во мојот долг век, дојдов до заклучоци дека да се биде човек е највисоката и вистинска доблест на секое современо општество во цивилизациите кои владееле, владеат и ќе опстојат во иднина.
Живееме во време на транзиција кога материјалното богатство е најинспиративниот дел за секој поединец, при тоа заборавајќи ги основните човечки особини кои треба да бидат дел од секој поединец доколку сакаме да изградиме општество слободно, рамноправно и за сите жители еднакво.
Животниот пат ми е полн со подеми и падови. Ќе се навратам на една голема мудрост која мене многу лично ми значи: познатиот филозоф Диоген во времето кога Александар Македонски станува најголем освојувач на Земјината топка, запрашан од Големиот Александар што можам да направам за тебе? Диоген најпросто му одговорил: тргни се, ми правиш сенка од сонцето. Никојпат не сум престанал да бидам во основа човек. Материјалното богатство е синоним кој што го детерминира модерното општество давајќи му статус на поединецот на успешен или неуспешен. Денес, во еден подолг период доаѓам до сознание дека јас сум најбогат човек на земјината топка. Моето материјално богатство е целата земјина топка, тргнувајќи од мојот камен, каде што сум се родил во Ново Маало, на калливите улици во Скопје, завршувајќи до Северниот и Јужниот пол на Земјината топка. Многумина ќе се запрашаат зошто се чувствувам богат? Мојот одговор е следен: го дишам мојот воздух и ја пијам мојата вода и ја консумирам мојата храна, се движам слободно во урбаните средини и во местата каде природата останала недопрена. Мојот чекор, местото на кое што газам е моето богатство. Слободата која што ја чувствувам, на мојот живот кој изворно го сакам е најсилниот аргумент за моето битисување. Зад мене стојат дела на покажана и докажана хуманост. Немам никакви задршки да тропнам на било која врата и да домаќинот не ми ја отвори вратата и ме угости како почитуван човек, препознавајќи ја мојата човечност.
Се прашувам, а ве прашувам и вас, дали само со материјалното богатство ќе умеете да го остварите ова што јас денеска го имам, СЛОБОДА? Слободно да мислам, слободно да размислувам, поддржувам, критикувам, фалам и да сакам. Си го сакам својот човечки род, го сакам сето она што нам луѓето ни е дел о нашето секојдневие, домашните миленичиња, домашните секојдневни настани кои што ни го обликуваат животот со радост, смеа и тага. Ако ме прашате дали сум богат? Мојот одговор е едноставен: Јас сум најбогатиот човек на Земјината топка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еурека

Насловот го позајмив од големиот Антички математичар…

Патриот

Почитувани читатели, повторно денеска ќе се вратам…