Тричковиќ за донираните тенкови: Власта мисли НАТО ќе не брани, Србија ќе не храни – ние ќе крадеме и распродаваме

t

„Отидоа македонските тенкови на пат за Украина. Македонската влада си спие на увото “НАТО ќе не брани, Србија ќе не храни – ние ќе крадеме и распродаваме”, ама уште малку…“, напиша на Фејсбук членот на извршниот одбор на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Мирослав Тричковиќ, објавувајќи снимка од колоната која ги превезува македонските тенкови кои Владата реши да ѝ ги донира на Украина.

Изјавата на Тричковиќ, заедно со видеото, кое подоцна се прошири на социјалните мрежи, денеска ја пренесуваат редица српски, руски и други медиуми од регионот и од светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ