Објавено на:

Три автомобили изгореа денес на “Партизнска”, почнала да гори и бандера

t

Рано утрово на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се запалил автомобил „Мицубиши Колт“, а пожарот се проширил и врз два други автомобили, соопштија од МВР.

На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” настанал пожар во патничко возило „Мицубиши Колт” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје. Од пожарот бил зафатени уште две возила – „Рено Меган” со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(30) и патничко возило „Даихацу Сирион” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(55) од Скопје, Исто така, со пожарот била зафатена и една бандера, сопственост на ЕВН“, стои во соопштението.

Полицијата извршила увид на местото на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…