Три девојки уапсени за планирање на терористички напад во Париз

t

Три девојки, на возраст од 18, 19 и 21 година, се уапсени и обвинети дека неколку недели планирале терористички напад врз кафулиња или концертни сали во Париз, објавија француските медиуми.

Додека Франција се подготвува да ја одбележи десетгодишнината од нападите што се случија на 13 ноември 2015 година, три девојки беа обвинети на 10 октомври за учество во терористички криминален заговор со цел подготовка на злосторство против луѓе, дозна францускиот портал Фигаро од Националното обвинителство за борба против тероризмот (PNAT).

Осомничените, на возраст од 18, 19 и 21 година, се задржани во притвор.

Фигаро објавува дека ова е шестиот спречен напад во Франција од почетокот на 2025 година, според податоците од Националното обвинителство за борба против тероризмот.

Сите три се француски државјанки и се уапсени во Лион, Вјерзон и Вилербан.

19-годишната се смета за главен организатор на групата.

Според неименуван извор близок до случајот, потенцијалната цел сè уште не е прецизно утврдена, но групата од три члена конкретно ја разгледувала можноста за напад на концертни сали и барови.

Сите три девојки негираат дека ги планирале нападите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе купува 18 хаубици Цезар од…

Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар (Caesar)…

Ле Пен доби забрана да се кандидира…

Француската политичарка Марин Ле Пен, лидерка на…

Египќанец се обидел да силува жена во…

Осомничен 26-годишен Египќанец е уапсен откако според…

Макрон: Мостовите и хуманитарните патишта кон Газа…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…