Хрватска ќе купува 18 хаубици Цезар од Франција
Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар (Caesar) од Франција за 320 милиони евра како дел од програмата за модернизација на своите вооружени сили, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.
Се очекува нарачката, која е одобрена од Одборот за одбрана на хрватскиот Парламент, официјално да биде потпишана во декември, по формалното одобрение од Владата, соопшти Министерството.
Финансирањето ќе биде обезбедено од Програмата за одбранбени кредити на Европската унија, најавена оваа пролет, пренесе Бета.
Овие кредити се наменети да помогнат во финансирањето на проекти во секторите дефинирани како приоритетни, како што се муниција, дронови, системи за противвоздушна одбрана, вештачка интелигенција и кибер безбедност.
Тие проекти исто така мора да вклучуваат најмалку 65 отсто компоненти произведени во ЕУ, Украина или одредени други европски земји како што е Норвешка.
Хрватската нарачка е поделена на два дела – првиот се однесува на самите топови, а вториот вклучува опрема за надзор, возила за врска и оклопни возила, како и теренски камиони за превоз на борбена муниција, според наводите на Министерството.
Испораката на топовите е закажана за 2029 година.
Цезар е топ со калибар од 155 милиметри, монтиран на камион, способен да испука шест проектили до оддалеченост од 40 километри за помалку од една минута. Тој е во служба на француската војска од 2008 година и ја докажа својата вредност на украинското боиште против Русија.
Хрватска, која неодамна одобри инвестициски план од 1,9 милијарди евра за модернизација на својата одбрана, планира да набави и 44 тенкови Леопард 2А8 од германско производство, 420 камиони Татра чешко производство и системи за заштита од дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…
Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…
Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…
Министерството за спорт и млади на Црна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…