Три девојки уапсени за планирање на терористички напад во Париз
Три девојки, на возраст од 18, 19 и 21 година, се уапсени и обвинети дека неколку недели планирале терористички напад врз кафулиња или концертни сали во Париз, објавија француските медиуми.
Додека Франција се подготвува да ја одбележи десетгодишнината од нападите што се случија на 13 ноември 2015 година, три девојки беа обвинети на 10 октомври за учество во терористички криминален заговор со цел подготовка на злосторство против луѓе, дозна францускиот портал Фигаро од Националното обвинителство за борба против тероризмот (PNAT).
Осомничените, на возраст од 18, 19 и 21 година, се задржани во притвор.
Фигаро објавува дека ова е шестиот спречен напад во Франција од почетокот на 2025 година, според податоците од Националното обвинителство за борба против тероризмот.
Сите три се француски државјанки и се уапсени во Лион, Вјерзон и Вилербан.
19-годишната се смета за главен организатор на групата.
Според неименуван извор близок до случајот, потенцијалната цел сè уште не е прецизно утврдена, но групата од три члена конкретно ја разгледувала можноста за напад на концертни сали и барови.
Сите три девојки негираат дека ги планирале нападите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Полицијата забрани демонстрации во одредени делови на…
Париската полициска префектура донесе наредба со која…