Објавено на:

Три дена по хаваријата: Суспендирана е директорката на гостиварски „Комуналец“, заедно со неколкумина други надлежни за водоводот

t

За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар.

Наскоро треба да се состане и кризниот штаб, на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

На прес-конференцијата тој посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“, Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод.

Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно, и дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот, и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број на кој граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, да им биде донесена поблиску до нивните домови.

Тој искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕ УРИВААТ РЕКОРДИ! Објавена е листа на…

Глобалната нафтена криза ги зголеми цените на…

(Видео) МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ ПЕРМ…

Рускиот Пермски крај утрово, 25 септември, беше…

АЛАРМ НА ПАЗАРОТ НА ОБВРЗНИЦИ: АМЕРИКАНСКИТЕ ПРИНОСИ…

На американскиот пазар на државни обврзници се…

НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ…

Нова сериозна ескалација на јужната граница на…

Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…