Три деца убиени во предградие на Бристол, осомничена е мајката
Четириесет и двегодишна жена е уапсена во предградие на Бристол, Англија, осомничена за убиство на три деца, откако во семејната куќа биле пронајдени телата на децата, објави денеска „Гардијан“.
Меѓу трите деца чии тела полицијата ги пронашла вчера има седумгодишно момче, тригодишно девојче и 10-месечно момче, соопшти бристолската полиција. Полицијата не потврди дека станува збор за мајката на убиените деца, додавајќи дека утврдувањето на причината за смртта на децата може да потрае и до една недела, бидејќи случајот е „многу чувствителен и сложен“.
Беше објавено и дека се работи за „изолиран инцидент“ и дека нема основа да се верува дека постои ризик за пошироката заедница.
„Ова е страшна и вознемирувачка трагедија во која животот го загубија три мали деца. „Знам дека луѓето се очајни за одговори, но истрагата за злосторството е во многу рана фаза и ќе биде потребно време за да се утврдат сите факти“, изјави полицискиот инспектор Викс Хејворд-Мелен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Осум луѓе избодени со нож во Англија
Британската полиција уапси маж откако тој избоде…
Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…
– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…
Син ја претепал својата 72-годишна мајка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…