Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи.
-Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение.
Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел, додава ЦУК, пожарот да се локализира и изгасне и да се заштитат жителите и нивниот имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…