Три женски тепачки за 24 часа

Само во изминатите 24 часа, во полицијата се забележани три тепачки во кои учествувале исклучиво жени, соопшти МВР.
Во првиот случај, вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Радишани, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(29) и Л.Д.(30), двете од Скопје.
Во два други случаи, причината за женските тепачки биле сообраќајни препирки.
Во Струмица, 30-годишна жена пријавила дека била нападната од друга жена.
„На 30.03.2025 во 21:35 часот во СВР Струмица, К.С.(30) од Струмица пријавила дека околу 19.50 часот, во Струмица, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице“, пишува во полициското соопштение.
Исто така, и во Скопје вчера се степале две жени, на возраст од 41 и 52 години, по сообраќајно недоразбирање.
„На 30.03.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и М.Л.С.(52), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три женски тепачки за 24 часа
Само во изминатите 24 часа, во полицијата…
(Видео) Девојчиња извлечени живи од под урнатините…
Драматични снимки од спасувањето на две девојчиња…
Пад на индустриското производство во Србија
Индустриското производство во Србија во февруари 2025…
ФБИ ниту потврдува ниту негира вмешаност во…
Руски оперативци наводно веќе пристигнале во Србија,…
Златото достигна нова рекордна вредност
Цената на златото втора недела по ред…