Три женски тепачки за 24 часа

t

Само во изминатите 24 часа, во полицијата се забележани три тепачки во кои учествувале исклучиво жени, соопшти МВР.

Во првиот случај, вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Радишани, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(29) и Л.Д.(30), двете од Скопје.

Во два други случаи, причината за женските тепачки биле сообраќајни препирки.

Во Струмица, 30-годишна жена пријавила дека била нападната од друга жена.

„На 30.03.2025 во 21:35 часот во СВР Струмица, К.С.(30) од Струмица пријавила дека околу 19.50 часот, во Струмица, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице“, пишува во полициското соопштение.

Исто така, и во Скопје вчера се степале две жени, на возраст од 41 и 52 години, по сообраќајно недоразбирање.

„На 30.03.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и М.Л.С.(52), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…