Три лица повредени по судир меѓу автомобил и мотоцикл
Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Антон Попов“ и ул.„Мишко Михајловски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(48) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(21) од Скопје.
– По несреќата, возачот на мотоциклот Б.З. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, додека сопатничките од возилото „дачија“ – А.М.(50) и А.Ѓ.(29), двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде што на А.М. и биле констатирани телесни повреди, а на А.Ѓ. и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…